Покриеност на испорака
Испорака правиме низ територијата на целата држава.
Доколку во наведената адреса на испорака е наведен поштенски код кој не е од нашата држава, испораката нема да биде направена, а Вие ќе добиете e-mail известување дека Вашата нарачка е неуспешна.
Цена на испорака
За испорака во рамките на Град Скопје, се наплаќа 100ден.
За испорака надвор од Градот Скопје, се наплаќа според тежината на нарачаните производи, а најмногу до 250ден.
Времетраење на испорака
Сите нарачки што ќе бидат направени денес до 16:00ч, ќе бидат испорачани денес, најдоцна до 22:00ч, доколку Адресата на Достава е во рамките на Град Скопје.
Сите нарачки што ќе бидат направени денес после 16:00ч, ќе бидат испорачани утре, најдоцна до 22:00ч, доколку Адресата на Достава е во рамките на Град Скопје.
Сите нарачки направени од денешниот ден, ќе бидат испорачани на наведената адреса за испорака, најкасно во наредните 3 дена (72ч), за територијата надвор од Град Скопје.
Доколку испораката на Вашата нарачка е неуспешна, Вашата нарачка ќе биде откажана, а Вие ќе добиете соодветно известување на Вашата e-mail адреса. 7 дена после ваквото извествување, Вие имате право да поднесете барање за враќање на уплатените средства (во случај да сте ја одбрале опцијата “Плати On-line”).
*испорака на нарачка се смета за неуспешна доколку нашиот Доставувач/Соработник не успее да оствари контакт со Вас на наведената Адреса за Достава/Контакт Телефон после најмалку 3 обиди во временски период од 45 минути.
**за повеќе информации поврзани со начинот за поднесување на барање за поврат на средства, Ве молиме пишете ни на contact@markas.mk.
Имајќи во предвид дека Недела и сите Државни празници се неработни денови во кои не се врши испорака, во случај да периодот на испорака ги опфаќа овие денови, периодот на испорака ќе биде зголемен соодветно за времетраењето на истите.