Carnilove

Повторно кон дивината

Carnilove е комплетна храна за кучиња и мачки, која е создадена со почит кон историскиот континуитет на соживот помеќу човекот и кучето. Во овој соживот кој датира уште 12.000 години пред нашата ера, човекот и кучето заедно уживале во секојдневниот оброк, при што исхраната на кучето постепено се приближувала и се повеќе наликувала на исхраната на човекот. Но, со развојот на агрикултурата и брзиот разој на оваа гранка, посебно во последните 100 години, исхраната на човекот и тоа како почнува да се разликува од онаа која е најсоодветна за кучето согласно неговата анатомска и генетска конституција.

Затоа Carnilove, како комплетна храна за кучиња и мачки поаѓа токму од здравјето и нивната физичка благосостојба. Внимателно одбраните видови на месо како основна состојка и извор на протеини кои претходно биле традиционално достапни во дивината како патка, фазан, јагне, дива свиња, елен и лосос, се комплетно во согласност со исхраната која што кучињата и мачките ја имале пред модернизацијата на општеството, а тоа е внесување на потребниот енергетски внес и амино-киселини преку ловеќе на токму овие пленови во дивината. Дополнително, додадените шумски овошки, зеленчук, бобинки и тревки ги обезбедуваат потребните витамини, анти-оксиданти и останати нутриенти за отимално функционирање на организмот на Вашето куче или Вашето маче.

Без житарки, Без компир – Житарките и компирот не се природен дел од исхраната на кучињата и мачките. Но, поради нивната голема комерцијална достапност и следствено ниска цена, стануваат вообичаен дел од храната за миленици бидејќи лесно може да ги постигнат потребните квоти за енергетски внес кај милениците. Но, малку знаат дека вишокот на енергија кој се внесува преку житарките и компирот кај кучето и мачето се складираат како масти кои подоцна водат до појава на обезност и други поврзани болести како што е дијабетисот. Токму поради ова, во формулата на Carnilove нема житарки и нема компир.

Шумско овошје, зеленчук и тревки – Овошјето, зеленчукот и тревките кои се додадени во формулата на Carnilove се исклучиво од природно шумско потекло, кои се загарантирано богати со анти-оксиданти кои се неопходни за правилно функционирање на организмот на кучето и мачето, го штитат организмот на клеточно ниво, го помагаат имуниот систем и го спречуваат предвременото стареење.

Масло од Лосос – Маслото од Лосос е стандарден додаток во формулата на Carnilove, бидејќи е богат извор на незаситени масни киселини како што се Омега-3, Омега-6, чие присуство има позитивен ефект на многу телесни функции, а посебно го подржуваат кардио-васкуларниот систем на кучето и мачето, го подржуваат нервниот систем и помагаат во одржување на здрава кожа и сјајно крзно.

Корен од Цикорија и Морски алги – Коренот од Цикорија е природен извор на манан-олиго-сахариди кои го помагаат создавањето на цревната микрофлора и го спречуваат создавањето на непосакувани бактерии во дигестивниот тракт на кучето и мачето. Морските алги пак се природен извор на минерали и амино-киселини кои го стимулираат правилното работење на тироидата и метаболизмот, а го помагаат и клеточниот имунитет.

Морски школки и екстрат од рскавица – Овие состојки во формулата на Carnilove, се природен извор на кондро-протективи, супстанца која позитивно влијае на подвижноста на зглобовите, тетивите и лигаментите на кучето и мачето.

Пивски квасец, Псилиум и Јука – комбинацијата на овие потентни природни супстанци во формулата на Carnilove ја помагаат дигестијата на храната и ја зголемуваат искористеноста на хранливите состојки во огранизмот на кучето и мачето. Пивскиот квасец исто така делува и како природен антипаразитик, додека Јуката има позитивен ефект на метаболизмот, притоа намалувајќи го волуменот на изметот и неговиот непријатен мирис.

Месо од природно диво потекло – месото од Патка, Фазан, Мисирка, Јагне, Дива свиња, Елен или Лосос се природниот избор за храна на кучињата и мачките во природата. Сите овие видови на месо се одличен извор на квалитетни протеини, богати се со хранливи материи, незаситени масти и амино-киселини кои се и неопходни за нега на мускулното ткиво кај кучето и мачето.

Понудата на markas.mk од програмата на Carnilove е комплетна и се состои од:

  • Сува храна за Куче и Маче (во повеќе вкусови) спакувана во Вреќи од 6кг и 12кг,
  • Влажна храна за Куче и Маче (во повеќе вкусови) спакувана во Конзерви од 400гр и,
  • Меки и тврди Грицки (во повеќе вкусови) за Куче и Маче со конкретна функционална намена, спакувани во Кесички од 50гр и 200гр

На копчето подолу може да ја погледнете нашата понуда од програмата на Carnilove и да ја одберете храната која е најсоодветна за Вашиот миленик.