Pedigree – Подобрата верзија во секое куче
Тимот наPedigree верува дека чистата и невина душа во секое куче помага да се поврземе со вистинскиот јас во секој од нас, притоа учејќи не многу вредни лекции. Едноставно кажано, кучињата не прават да бидеме подобри луѓе. А нели токму тоа е она што му треба на светот во кој живееме.
Pedigree се што прави, прави поради љубовта кон кучињата. Па така, сите рецепти кои што се развиени во соработка со Научниот Институт за Нега на Миленици Waltham, обезбедуваат професионална исхрана и ги адресираат 4те основни потреби на кучињата.
Според Pedigree составот на храната е и тоа како битен и сопственикот на секое куче треба да биде најтранспраретно запознаен со состојките на храната која ја служи на своето куче. А уште побитно е да се знае и хранливата вредност на сите овие состојки.

Ова се 6те основни состојки на Pedigree храната и нивната улога во исхраната на едно куче:

Пченка – извор на амино-киселини, јаглехидрати, линолеичка киселина и растителни влакна. Состојки кои обезбедуваат енергија и градиво за мускулното ткиво за Вашето куче.

Животински масти – Извор на линолеичка киселина и масти. Состојки кои обезбедуваат енергија и здрава кожа и крзно за Вашето куче.

Пулпа од цвекло – Извор на растителни влакна. Состојки кои обезбедуваат лесна дигестија.

Месо и коски – Извор на концентрирани амино-киселини, калциум и фосфор. Состојки кои се основно градиво за мускулното ткиво, здрави заби и јак скелет.

Растително масло – Извор на линолеичка киселина. Состојки која обезбедува здрава кожа и сјајно крзно.

Ориз – Извор на јаглехидрати и растителни влакна. Состојки кои обезбедуваат енергија и лесна дигестија.
Понудата на markas.mk од програмата на Pedigree е комплетна и се состои од:
- Сува храна за Куче (со вкус на Пилешко и Говедско) спакувана во Вреќи од 500гр, 2.6кг и 12кг
- Влажна храна за Куче (во повеќе вкусови: Пилешко, Говедско, Јагнешко, Џигер) спакувана во Кесички од 100гр, 4х100гр и Конзерви од 400гр.
- Вкусни грицки и Награди за куче во повеќе вкусови и пакувања
На копчето подолу може да ја погледнете нашата понуда од програмата на Pedigree и да ја одберете храната која е најсоодветна за Вашето куче.