Royal Canin – Посебно скроена исхрана за секоја раса
Royal Canin ја започнува својата историја во 1968та. Жан Катари, француски ветеринар кој ја започнува својата кариера претежно лечејќи коњи и бикови, согледува дека квалитетната исхрана може да пружи благосостојба и добро здравје за животните, па така ја започнува историјата на овој бренд.
Во 1972та година, Royal Canin станува дел од групацијата Џиомарш, кои обезбедуваат подобра платформа за брендот по основ на финансии, научни истражувања, рецепти и слично.
Во 1974та Royal Canin веќе се продава во 8 земји низ Европа.
Во 1980та се лансира храна посебно изработена за Кученца со Голем раст. Ова е првиот производ на пазарот кој што е дедициран по било кој основ.
Веќе во 1985та Royal Canin влегува и на американскиот пазар.
Во 1990та година Париба Афер се новите сопстеници, кои дополнително продолжуваат да ја развиваат филозофијата на брендот, “Подобар свет за сите миленици”. Во следните неколку години следат многу иновации кои во 1997та и 1999та година кулминираат со производство на посебна формула за Куче од секоја големина и раса. Во 2001та година Royal Canin станува дел од групацијата Марс, каде што е и ден денес.


Понудата на markas.mk од програмата на Royal Canin е комплетна и се состои од:
- Сува храна за Куче од секоја раса, спакувана во Вреќички од 1.5кг, 2кг, 3кг и 4кг и Вреќи од 11кг, 12кг и 15кг
- Сува храна за Маче спакувана во Вреќички од 2кг и Вреќи од 10кг
- Влажна храна за Куче спакувана во Кесички од 85гр и 140гр и,
- Влажна храна за спакувана во Кесички од 85гр
На копчето подолу може да ја погледнете нашата понуда од програмата на Royal Canin и да ја одберете храната која е најсоодветна за Вашиот миленик.