Заштита на лични податоци

ПОЛИТИКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ

Политика за заштита на личните податоци

МАРКАС ДООЕЛ СКОПЈЕ ќе ги користи личните податоци на КОРИСНИКОТ согласно Законот за заштита на личните податоци и другите релевантни прописи на Република Северна Македонија. Личните податоци нема да бидат споделувани со трети страни, освен кога тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да се реализираат законски пропишаните права и обврски кои произлегуваат од воспоставената релација помеѓу МАРКАС ДООЕЛ СКОПЈЕ и КОРИСНИКОТ.

При внесување на личните податоци на страната markas.mk, КОРИСНИКОТ ја превзема целата одговорност за нивната веродостојност, а МАРКАС ДООЕЛ СКОПЈЕ не подлежи на никаква одговорност во случај истите да не се точни и евентуално доведат до погрешна релација помеѓу МАРКАС ДООЕЛ СКОПЈЕ и КОРИСНИКОТ..

Политика за заштита на доверливи податоци и информации, и податоци за платежни картички

МАРКАС ДООЕЛ СКОПЈЕ ги презема сите неопходни мерки за заштита на личните податоци, со цел да се спречи губење, кражба и злоупотреба, како и неовластен пристап, менување или уништување.

МАРКАС ДООЕЛ СКОПЈЕ за целото времетраење на картичната трансакција нема увид во бројот, датумот, важноста и безбедносната шифра на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата банкарска сметка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесорскиот центар “www.cpay.com.mk” кој ги обработува трансакциите за плаќање преку Интернет.