fbpx

Monge – Вкусот на кој му веруваат.

Приказната на Monge започнува во првата половина од 20-от век. Доменико Монге, татко на 3 деца, започнува своја живинарска фарма, која успешно ја води притоа почитувајќи 2 правила:

  • оптимизација на трошоците без непотребни инвестиции
  • максимално искористување на секоја суровина

Во 1960та година. Балдасаре Џакомо Монге, вториот син на Доменико, ги користи токму овие постулати за да го прошири фамилијарниот бизнис во нов концепт на Храна за миленици.

            60-те години во Италија носат големи општествени промени. Домаќинствата почнуваат масовно да ги препознаваат Кучињата и Мачињата како дел од семејството. И секако, она што јаде семејството ќе јаде и миленикот. Балдасаре во овој момент ја согледува потребата од поинаква диетална исхрана за милениците, во однос на луѓето.Тој ги заменува остатоците од семејните оброци во кујната (кои до тогаш следувале за миленикот), со варено пилешко. Така Monge станува првата компанија во Италија специјализирана за производство на Храна за Миленици.

Слика со производи од програмата на Monge кои може да ги најдете на markas.mk on-line pet shop.

            Продолжувајќи по патот на иновациите, Monge во 1975-та е првата компанија која го воведува капакот со прстен на сите конзерви. Традиционално до тогаш, храната во конзерви се отворала со отворач за конзерви. Со новото решение, отворањето станува брзо и лесно, и денес се применува во секојдневието и на човекот.

            Во 1989-та Monge лансира нова линија на храна, паштети за куче и маче. Производот станува инстантно успешен.

            Во 1994-та година се запишува уште една иновација, Храна за миленици подготвена во рерна. Овој начин на припремање на храна до тогаш бил користен само во кондиторската индустрија.

            Годините следат, а иновациите се нижат.

  • 2005-та година: 200 милиони произведени конзерви и 100 милиони произведени патштети
  • 2007-ма година: намалување на трошоците и оптимизација на логистиката со сопствено производство на лимени конзерви
  • 2008-ма година: нова линија за производство на 100гр паучи со влажна храна, прва во овој дел од Европа.
  • 2013-та година: 120 илјади тони сува храна е произведена.

Понудата на markas.mk on-line pet shop од програмата на Monge е комплетна и се состои од:

  • Сува храна за Куче од секоја раса, спакувана во Вреќи и 12кг
  • Сува храна за Маче спакувана во Вреќички од 1.5кг и Вреќи од 10кг
  • Влажна храна за Куче спакувана во Кесички од 100гр, Паштети од 100гр и Конзерви од 400гр
  • Влажна храна за Маче спакувана во Кесички од 85гр

На копчето подолу може да ја погледнете нашата понуда од програмата на Monge и да ја одберете храната која е најсоодветна за Вашиот миленик.

Ваш, markas.mk on-line pet shop.