fbpx

Sam’s Field

Sam’s Field – Здрави од носот до опашот

Sam’s Field е комплетна супер-премиум храна за кучиња и мачки. Се произведува во Чешка, Прага, од компанијата Vafo, позади која стојат повеќе од 30 години искуство.

Храната е направена со цел да ги задоволи нутритивните потреби на милениците, а притоа земајќи ги во предвид различностите во поглед на раса и големина. Уникатниот состав кој е богат со месо, животински протеини, овошје, зеленчук и останати фунционални состојки ја прави дигестијата на храната многу полесна, додека нискиот состав на житарки го елиминира ризикот од нетолеранција, а го зголемува абсорбирањето на хранливите состојки.

Клучни состојки на Sam’s Field храната за Кучиња и Мачки:

  • Пилешко, Јагнешко, Лосос – извор на лесно сварливи протеини кои содржат амино-киселини и го помагаат правилниот раст на мускулатурата, крзното и благосостојбата.
  • Сушено јаболко – извор на растителни влакна
  • Морков – извор на витамини, минерали, растителни влакна, антиоксиданти и фитонутриенти кои го помагаат имуниот систем.
  • Масло од Лосос – извор на Омега-3 масни киселини кои ја помагаат здравата кожа и сјајното крзно.
  • Компир – извор на енергија со низок гликемичен индекс.
  • Пченка – извор на јаглехидрати, растителни влакна, витамини и масни киселини.
  • Ориз – извор на јаглехидрати, растителни влакна, витамини и масни киселини.
  • Домат – содржи Ликопен, кој е најјакиот антиоксидант, кои го штити телото од радикали.
  • Патка – извор на протеини, исклучително вкусно, дури и за најпребирливите мачки.
  • Мисирка – извор на протеини, кои се лесно варливи и содржат ниско количество на масти, а ги помагаат кожата и крното.
  • Камилица –  извор на антиоксиданти со анти-воспалителни својства.

На копчето подолу може да ја погледнете нашата понуда од програмата на Sam’s Field и да ја одберете храната која е најсоодветна за Вашиот миленик.